Дани Алвес се враќа во Италија?

Точка

25/06/2019

09:08

507

Големина на фонт

а а а

Бразилецот неодамна потврди дека после две поминати сезони во дресот на париски ПСЖ, ќе го напушти „Паркот на принцовите“.

Наводно Алвес веќе им ги понудил своите услуги на Барселона, а исто така немал ништо против од враќање во италијанска Серија А каде што веќе настапуваше во дресот на Јувентус.

Сепак, овој пат станува збор за милански Интер, со оглед на тоа што Бразилецот одлично би се вклопил во системот на новиот тренер на „Нераѕурите“, Антонио Конте.

За 36-годишниот Алвес наводно постоел интерес и од Борусија Дортмунд, Манчестер Сити и неименуван клуб од Кина, па останува да почекаме и да видиме кој ќе биде следниот клуб во богатата кариера на Бразилецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг