Како ќе одговори Иран? Американците испратија уште еден воен брод на Блискиот исток, никој не знае каде се наоѓа

Точка

24/06/2019

16:10

2.395

Големина на фонт

а а а

Од американската воена морнарица потврдија дека уште еден воен брод пристигнува на Блискиот исток и ќе оперира во рамките на Петтата флота.

Како што е соопштено од американската морнарица, амфибискиот брод „Боксер“ заедно со уште двата помали амфибиски бродови за транспорт и истоварување на трупи „Џон Мурт“ и „Харперс Фер“, од Индискиот океан пристигнале во регионот на Блискиот исток.

Американската воена морнарица во соопштението до јавноста иако потврди дека уште еден брод ќе ги засили нивните веќе распоредени сили на Блискиот исток, сепак не откри детали каде поточно ќе пристигнат новите бродови.


Американската Петта флота е стационирана во Бахреин и е задолжена за надгледување на присуството на морнарицата во Персискиот залив и околните води на Блискиот исток.

Инаку, во регионот веќе се наоѓа носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и уште неколку помали бродови кои го придружуваат, а Белата куќа нареди нивно испраќање на Блискиот исток во мај кога пораснаа тензиите со Иран.


Сега останува да се види како ќе реагира Иран, со оглед на тоа што тензиите со Вашингтон не само што не стивнуваат, туку и пред неколку дена во последен момент беше избегната и војна, откако иранската Револуционерна гарда сруши беспилотно летало на американсакта морнарица над Хормушкиот теснец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг