Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Макфакс

24/06/2019

14:42

1.171

Големина на фонт

а а а

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцeдес“.

„Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г. Ј., осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од Обвинителството означена како ‘Тенк’, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд.

Во овој случај ексминистерката беше прогласена за виновна за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето и осудена на казна затвор во траење од 4 години.

Во соопштението се додава дека извршувањето на казната се одлага сè до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг