27 години по филмот „Телохранител“ откриена тајната за Витни Хјустон и Кевин Костнер

Точка

24/06/2019

14:15

6.889

Големина на фонт

а а а

Витни во тоа време била огромна ѕвезда, а филмот го промовирал плакатот на кој нејзиното лице всушност и не се гледа.

Поминаа 27 години од премиерата на филмот на Мик Џексон „Телохранител“ („The Bodyguard“) во кој главните улоги ги толкуваа Витни Хјустон и Кевин Костнер, а актерот дури сега ја откри големата тајна на оваа драма.

„Телохранител“ беше еден од оние филмови кои ги обележаа 1990-те години и еден од оние кои имаа порака: „Само љубовта е единствено важна и љубовта не бира ниту време ниту место“.

За публиката и пред гледањето на филмот да ја почувствува силата на љубовта, „Телохранител“ имал ваков плакат:


Милиони луѓе досега беа уверени дека на плакатот се Витни и Кевин.

„На фотографијата не беше Витни. Таа замина дома, а таа девојка која ја носам во рацете е нејзината двојничка. Секако дека главата не ѝ се гледа, затоа што главата ја има наслонето на моето рамо. Беше плашена“ - изјавил актерот за интервју за „Entertainment Weekly“.

Еден магичен момент помалку за „Телохранител“, но магијата која Рејчел и Френк ја создадоа на филмското платно е неуништлива баш како песната од филмот која ја отпеа Витни, а и денес се слуша.



Спонзорирани линкови

Маркетинг