Голема прослава на пласманот во Ла Лига: Легендарниот Стив Неш лудуваше со пиво по победата на Мајорка

Дерби

24/06/2019

11:47

1.117

Големина на фонт

а а а

Вчера Мајорка направи голем пресврт против Депортиво Ла Коруња и стана последниот патник кој следната сезона ќе игра во Ла Лига.

Мајорка по првиот натпревар одигран на „Риазор“ имаше негатива од 2:0, но на свој терен победи со 3:0, победа што им обезбеди настап во Ла Лига следната сезона.

По последниот судиски свиреж следуваше голема прослава, навивачите влетаа во теренот, а промоцијата од трибините ја славеше и Рафаел Надал. Во еден од локалите, победата ја прослави и легендарниот НБА кошаркар Стив Неш кој е косопственик на клубот.

Тој заедно со Сту Холден буквално лудуваа во пабот во кој се следеше натпреварот меѓу Мајорка и Дерпотиво.

##https://twitter.com/stuholden/status/1142899241351700480##



Спонзорирани линкови

Маркетинг