Фелипе Луис долеа масло на огнот со изјава поврзана за враќањето на Нејмар во Барселона

Дерби

23/06/2019

12:39

1.734

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис со една изјава дополнително ги подгреа шпекулациите околу враќањето на Нејмар во Барселона.

Имено, додека се на репрезентативна должност, Луис во интервју истакна дека Нејмар би бил среќен доколку се врати во Барселона.

– Би сакал да го видам Нејмар во Барселона, би бил среќен ако повторно игра таму. Дали јас би можел да одам со Нејмар во Барселона? Им ветив на луѓето во Атлетико дека нема да преговарам со никого додека не заврши Копа Америка, -истакна Фелипе Луис по убедливата победа од 5:0 над Перу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг