Јапонците се поздрави од другите народи бидејќи за време на работната пауза го прават токму ова

Точка

22/06/2019

17:03

5.581

Големина на фонт

а а а

Во светот често се споменува јапонската дисциплина при работата, но малкумина знаат дека тие на своите работни места организирано водат грижа и за своето здравје.

Во дистриктот Саитама во Јапонија, во градот Чичибу, работниците им даваат пример на сите луѓе на светот како да останат здрави во текот на работното време и како да се почитуваат себеси, но и останатите колеги.  

Работниците во Јапонија не се познати само по дисциплината при извршување на работните обврски – тие имаат и дисциплина на живеење која ретко кој може да ја разбере, а камоли примени.


Имено, вработените и работодавците координирано се грижат за здравјето, но и задоволството. Пример за тоа е еден работен ден во јапонската фирма “Agriculture Center” кој почнува со состанок на сите работници на кој се читаат безбедносните процедури. Потоа, секој ден, по еден работник добива една минута време да зборува за себе или за нешто што сака да го сподели со останатите.

За време на работната пауза сите вежбаат фискултура, бидејќи здравјето мора да се почитува. Вежбите се многу важни бидејќи го опуштаат телото и умот и Јапонците тоа одлично го знаат.

Погледнете го видеото кое покажува колку тие се навистина задоволни:




Спонзорирани линкови

Маркетинг