„Те-То“ АД Скопје ги демантира наводите на финансиска полиција: Работиме законски уште од самото основање

Точка

21/06/2019

20:02

788

Големина на фонт

а а а

„Те-То“ АД Скопје целосно ги демантира наводите на Управата за финансиска полиција изнесени на денешната прес-конференција.

Финансиска полиција соопшти дека имаат кривична пријава за вршителот на должност претседател на Управниот одбор на „Те-То“ АД Скопје, кој во 2018 година го пречекорил своето службено овластување бидејќи без дозвола поднел барање за стечај за реорганизација на компанијата и со тоа ѝ се нанела штета на „Топлификација“ АД Скопје од над 721 милион денари.

Меѓутоа, од „Те-То“ велат дека компанијата работи согласно законите на државата уште од нејзиното основање и така ќе продолжи и во иднина.

„Тоа ќе го докажеме во правна постапка и ќе ги превземеме сите неопходни правни дејствија за заштита на дејноста и имиџот на компанијата од неосновани обвиненија“, се истакнува во демантот на оваа компанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг