Ѓорчев во Лондон: ВМРО-ДПМНЕ силно соработува со британската конзервативна партија

Макфакс

21/06/2019

18:58

965

Големина на фонт

а а а

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за меѓународна соработка, Владимир Ѓорчев, во периодот од 20-22 јуни во Лондон присуствува на конференција на ИДУ (Меѓународната демократска унија) и Конзервативната партија на Велика Британија во соработка со Вестминстер фондацијата.

Како што информираат од опозициската партија, на конференцијата присуствуваат голем број на пратеници и секретари за меѓународна соработка на конзервативните партии од светот кои припаѓаат на десниот центар.

„ВМРО-ДПМНЕ долги години соработува со Вестминстерската фондација за демократија и Конзервативната партија на Велика Британија, а двете партии се членки на ИДУ, најголемата светска организација на партии на десниот центар“, истакнал Ѓорчев на настанот.

Конференцијата во Лондон ја отвориле генералниот секретар на ИДУ, Кристијан Катнер и Карлота Реди, директор за меѓународни односи на Конзерваривната партија на Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг