Дрес кој во минатото го носеле легенди: Ремзи го одбра бројот во Јувентус

Дерби

21/06/2019

20:20

1.951

Големина на фонт

а а а

Репрезентативецот на Велс, Арон Ремзи од наредната сезона ќе ги брани боите на италијанскиот гигант Јувентус кој денеска го обелодени дресот на бројот на играчот од средината на теренот.

Ремзи на својот грб ќе го носи дресот со бројот осум кој во минатото со голем успех го носеа легенди како Марко Тардели, Антонио Конте, додека последен го имаше Клаудио Маркизио. Велшанецот и во последните три сезона како играч на Арсенал ја имаше „осумката“, па сега останува да видиме како ќе се снајде и дали ќе ја оправда довербата на составот од Торино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг