Килијан Мбапе иако има само 20 години важи за еден од најквалитетните играчи на светот, играч кој веќе има освоено неколку важни трофеи меѓу кои и оној со неговата Франција на Светското првенство во Русија.
Меѓутоа пред Мбапе има и други предизвици, цели, па запрашан за тоа дали би одбрал триумф во Лигата на шампионите или освојување на престижната награда „Златната топка“ тој одговори:
-Најважната работа е триумф во ЛШ затоа што можете да ја освоите Златана топка и да не останете во историјата. Вие играте со 10 играчи, не играте сами. Ако беше тенис ќе кажев „Златната топка“ затоа што сами играте. Фудбалот е спорт во кој играте со тим и сметам дека ако сакате да ја освоите Златната топка морате да ја освоите ЛШ. Не можете тоа да го направите без триумф во ЛШ, сега тоа е значајно во очите на светот. Сакам прво да ја освојам ЛШ. Ако ја освојам Златната топка ќе биде во ред, ама мојата прва цел е ЛШ, -рече Мбапе за „ЕСПН“.
-Јас не сакам да бидам најдобриот на сите времиња. Сакам да го дадам најдоброто и да бидам горд. Правам се за да имам успех и да освојувам титули. Се што сакам да направам е да дадам се од себе, -дополни Французинот.