Трамп ги уништи Демократите: За неколку часа собрал дури 25 милиони долари!

Точка

20/06/2019

15:59

1.629

Големина на фонт

а а а

На почетокот од претседателската кампања, Доналд Трамп собра двојно повеќе пари од сите негови противници заедно.

Актуелниот американски претседател собра речиси 25 милиони долари донации во првите неколку часа после објавата на својата кандидатура за вториот претседателски мандат, значајно надминувајќи ги противниците од Демократската партија.

Доналд Трамп во вторникот на Флорида објави дека тргнува во предизборна кампања за нов претседателски мандат.

Меѓу Демократите, поранешниот американски потпретседател Џо Бајден собра нешто повеќе од шест милиони долари во првите 24 часа после објавувањето на кандидатурата, а сенаторот Берни Сандерс исто така собрал шест милиони долари во истиот период.


„Њујорк Тајмс“ пренесува дека Џо Бајден досега собрал околу 20 милиони долари од почетокот на неговата кампања во април, а Доналд Трамп за помалку од 24 часа собра дури и повеќе пари за својата кампања.

Изборите ќе се одржуваат во ноември идната година и се проценува дека ќе има жестока битка помеѓу актуелниот претседател и конечниот кандидат на Демократската партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг