Лидерот на ЕТА пуштен на условна слобода во Париз

Макфакс

19/06/2019

21:03

1.303

Големина на фонт

а а а

Еден од лидерите на поранешната баскиска сепаратистичка организација ЕТА, познат како Хозу Тернера, денеска во Париз е пуштен на условна слобода, откако пред еден месец го уапси француската полиција во соработка со шпанската.

Со одлука на францускиот суд, одземен му е пасошот и не смее да го напушти Париз. Еднаш неделно мора да се јавува во полициска станица, додека трае постапката против него.

Тернер (68), по кого шпанската полиција трагаше од 2002 година, уапсен е на 16 јуни во местото Саланчез на француските Алпи, кога планирал да влезе во болница, поради рак.

Акцијата спровеле шпанската Цивилна гарда и француската тајна служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг