Сè за обидот за убиство на бејзбол легендата "Биг Папи": Имал секс со погрешна жена

Точка

19/06/2019

16:08

3.839

Големина на фонт

а а а

Дејвид Ортиз е погоден во грбот, а куршумот му излегол низ стомак. Вистинско чудо е што преживеал.

Уште четири мажи биле уапсени во Доминиканска Република поради сомнение дека се обиделе да ја убијат бејзбол легендата Дејвид Биг Папи Ортиз. Постои сомнение дека за неговото убиство биле понудени 400.000 доминикански песоси, односно околу 8.000 американски долари. 

Полицијата сега ги испрашува осомничените за да се обиде да дознае нови детали за мотивите. Според пишувањето на Daily Mail, човекот кој го нарачал убиството на Ортиз е познат дилер на дрога, кој се сомневал дека неговата сопруга го изневерува со бејзбол играчот.

Неколку моменти пред пукањето, некои од осомничените биле видени како се собираат покрај два автомобили паркирани во близина на барот во кој Ортиз бил застрелан. Двајцата потоа дошле на мотор и пришле до барот со заедно со револверашот, кој се доближил до Ортиз и пукал во него, а потоа побегнал.

Дејвид Ортиз бил погоден во грб, веднаш пренесен во локална болница, каде му бил спасен животот.

Веднаш по пукањето, револверашот кој пукал во Биг Папи го предал своето оружје на друг мотоциклист кој побегнал со него. Човекот што пукал е идентификуван како Ролфи Ферерира Круз и тој е меѓу уапсените.

Идентификувани се и други пет осомничени, а нивните улоги во обидот за убиство не се јасни. Се смет дека станува збор за мажи и една жена кои го следеле движењето на Ортиз таа вечер и му дојавувале на платениот убиец каде се наоѓа.

Иако постои сомнение дека дилерот го нарачал убиството на Ортиз поради сомнение дека неговата сопруга го изневерува со него, тимот на Биг Папи задолжен за односи со јавноста ги негира овие наводи.

Ортиз во понеделникот со клубскиот авион на бејзбол клубот "Ред Сокс" бил пренесен во болница во Бостон.

Моментално закрепнува, а во вторникот ги направил и првите чекори, а се претпоставува и дека некое време ќе остане во таа здравствена установа.

Докторите наведуваат дека куршумот го погодил додека бил свртен со грб кон напаѓачот, но тоа нема да предизвика сериозни последици по неговото здравје.

Бејзбол ѕвездата Дејвид Ортиз е жива легенда во Доминиканската република, каде е роден, како и во Бостон, каде со години играл за "Ред Сокс".




Спонзорирани линкови

Маркетинг