Индиски магионичар не успеал да стане Худини: Сакал да се извлече од ланците во длабочините на Ганг, а телото уште не му го пронашле

Точка

18/06/2019

15:29

2.918

Големина на фонт

а а а

Индискиот магионичар Чанчал Лахири, познат под псевдонимот Магионичарот Мандрак, се врзал со ланци и се спуштил во светата индиска река Ганг пред очите на многубројната публика и медиумите, но трикот му пропаднал.

"Ако успеам да се ослободам, тоа ќе биде магија, а ако не успеам, ќе биде трагедија", се последните зборови на магионичарот пред да го заврзат со ланци и да го спуштат во Ганг. 

Насобраните луѓе се загрижиле, а кога Лахири не излегол во предвидениот рок, почнала френетична потрага.

Оваа несреќа се случила во неделата, а по неговото тело и натаму се трага.

Лахири пред 21 година успешно го извел овој трик.

"Ме затворија во стаклен сандак со ланци и ме спуштија во реката Хора. Се ослободив и испливав за 29 секунди", рекол тој претходно за новинарите. Меѓутоа, во неделата рекол дека за следната точка дополнително ќе ги закомпликува работите и ќе си отежне максимално.

Лахири во 2013-та се обидел да го изведе истиот трик, но излегол по шест секунди, и публиката била незадоволна. На брегот го дочекале бесните луѓе кои му ја извадиле периката и му ја фрлиле.




Спонзорирани линкови

Маркетинг