Академија Пандев, Македонија Ѓoрче Петров и Шкупи ги дознаа потенцијалните ривали во ЛЕ

Дерби

18/06/2019

12:22

1.130

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Академија Пандев, Македонија Ѓoрче Петров и Шкупи ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за пласман во Лига Европа, три состави кои веќе ги дознаа потенцијалните ривали во првото квалификациско коло.

Пандевци кои дебитираат во Европа се најдоа во „петтата група“ на УЕФА што значи за ривал ќе добие една од следниве екипи: Фехервар (Унгарија), Зрињски (БиХ), Шахтер Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азербејџан) и Левски Софија (Бугарија).

Македонија Ѓорче Петров исто како неносител ќе излезе на мегдан со Спартак Трнава (Словачка), Жалгирис Вилнус (Литванија), Фола Еш (Луксембург), Алашкерт (Ерменија) или Олимпија Љубљана (Словенија).

Еден пак од можните противници на Шкупи е АЕК Ларнака на нашите Иван Тричковски и Даниел Мојсов, додека останатите се Хапоел Бер-Шева (Израел),Домжале (Словенија), Пјуник (Ерменија), Сабаил (Азербејџан) и Будуќност Подгорица (Црна Гора).

Дуелите од оваа фаза ќе се одиграат на 11 и 18 јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг