Соработничка на Мајкл Џексон открива несекојдневна работа која кралот на поп музиката ја правел со гаќичките на својата сопруга

Точка

18/06/2019

11:42

5.275

Големина на фонт

а а а

„Колку што јас знам, никогаш не спиеја заедно, таа времето го поминуваше во дневната соба“ - тврди Сенди Домз.

Мајкл Џексон долниот веш на својата сопруга, Лиса Мари Присли (51) во неколку случаи го прскал со својот парфем, а сето тоа за послугата да помисли дека имале сексуален однос - тврди Сенди Домз, една од соработничките на кралот на поп музиката.

Џексон со ќерката на Елвис Присли бил во брак од 1994-та година до 1996-та година, а Лиса со Мајкл Џексон го поминала најтешкиот период од животот кога од сите страни го обвинуваа за педофилија.


Славниот брак често бил полигон за разни теории на заговор, а сè што му се случувало на овој пар во тоа време ја подигнала нивната популарност.

Некогашната соработничка на Мајкл Џексон, Сенди, изјавила дека парот не бил интимен.

„Тоа не беше природен љубовен однос ниту пријателство. Мајкл ќе го земеше нејзиниот долен веш, ќе го фрлеше на подот на спалната соба, а потоа ќе го испрскаше со парфем за да изгледа дека Лиса Мари била во собата“ - изјавила Домз за „CSB“.

„Колку што знам јас тие никогаш не спиеја заедно, таа своето време го поминуваше во дневната соба“ - додала таа.


Во јануари 1996-та година, Лиса Мари поднела барање за развод, а како причина ја навела меѓусебната разлика која не можеле да ја пребродат. Во емисијата на Опра Винфри (65), Лиса изјавила дека и наредните 4 години ги поминала со Мајкл обидувајќи се да се смири со него, но сè поминало безуспешно.

Лиса изјавила дека првпат се обидела да го “однесе“ во кревет Мајкл кога времето го поминувале на Флорида. Таа го опишала Мајкл како апсолутно “див“ маж кој преферирал секс во стоечка позиција.

„Откако почнавме сакаше сè повеќе и повеќе“ - тврдела Лиса.

Лиса открила дека Џексон сакал да пее и да вреска во текот на сексот, што најчесто ја терало на гласна смеа.

Лиса во 2002-та година се омажи со актерот Николас Крејџ (55), а во 2006-та за гитаристот Мајкл Локвуда (58).




Спонзорирани линкови

Маркетинг