Ситуацијата во Оманскиот залив се вжештува: Американците испратија разурнувач после нападот на танкерите

Точка

15/06/2019

15:03

3.002

Големина на фонт

а а а

Американската армија соопшти дека разурнувачот „Мејсон“ е испратен на местото каде што се случи нападот на двата танкери во Оманскиот залив.

Исто така, Американците го обвинија Техеран за нападот на танкерите и објавија снимка на која што тврдат дека може да се види како припадници на иранската Револуционерна гарда отстрануваат неексплодирана мина од еден од двата нападнати танкери.

Од Централната команда на американската армија соопштија дека САД не се заинтересирани за ангажирање во нечиј судир на Блискиот исток, но исто така нагласија дека ќе ги бранат своите интереси, вклучувајќи ја и слободната пловидба.

Инаку, еден од нападнатите танкери – „Кокука Курејџес“, бил спасен од потонување и веќе пловел кон пристаниште во Обединетите Арапски Емирати.

Холандската инженерска компанија „Боскалис“ соопшти дека е задолжена за спасување на другиот погоден танкер „Фронт Алтер“ чиј оператор е компанијата „Фронтлајн“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг