Перез испрати едно предупредување до Јовиќ на официјалната промоција

Дерби

12/06/2019

20:30

2.977

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ова попладне и официјално го претстави Лука Јовиќ како звучно летно засилување во тимот, а покрај првата изјава која ја даде суперталентираниот српски напаѓач од кого многу се очекува, свое обраќање имаше и Флорентино Перез кој направи овој фудбалер да пристигне на „Бернабеу“.

Претседателот на Реал во официјалниот говор пред присутните во вип салата на стадионот испрати едно мало предупредување до фнатастичниот напаѓач, порачувајќи му дека ќе мора да го подигне нивото на едно скалило погоре, без оглед на тоа што имаше сензационална сезона во Ајнтрахт Франкфурт.

– Ова не беше годината која ја замислувавме, но поради тоа брзо ќе реагираме и ќе се вратиме на вистински пат, а тоа е победата. Овој клуб никогаш не се предава. Денес е ден кога голем број мадридисти се чувствуваат среќно, бидејќи кај нас дојде напаѓачот кој го бркаа многу клубови во Европа. Пристигнувањето тука е негов сон и затоа му посакуваме добредојде на Лука Јовиќ. Имаше маестрална сезона, постигна 27 гола и беше еден од најдобрите голгетери во Европа, но фановите на Реал Мадрид ќе бараат повеќе од тебе. Ќе бидеш опкружен од најдобрите играчи во светот, од голем тренер и од навивачите кои многу ќе те сакаат. Ти самиот ни кажа дека со овој дрес си спиел како мал, сега ова е твој дрес и ти посакуваме многу успеси, – истакна Флорентино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг