Прекрасна "ракотворба" на природата: Најголемиот водопад во Весфирдир

Точка

12/06/2019

11:30

1.730

Големина на фонт

а а а

Динјанди е најголемиот водопад во регионот Весфирдир на Исланд. Прекрасната "ракотворба" на природата со малкубројни мали слапови, кои му се приклучуваат низводно, претставува најголема атракција на овој регион.

Паркинзите сместени во близина се предвидени да овозможат уживање во фантастичната глетка и од автомобил, но посетителите тврдат дека ако сакате во вистинска големина да го доживеете ова уметничко дело на природата, потребни ви се десетина минути пешачење до него.

Попатно има и каде да "подзастанете" - многубројните мали слапови создаваат амбиент идеален за кратка медитација или фотографирање - во зависност од афинитетите, а уживањето на ова место е загарантирано.

Ако себеси во овој момент не можете да си дозволите посета на овој фасцинантен предел, тогаш уживајте во неколкуминутното приложено видео. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг