Меланија повторно воодушевила со изгледот, овој пат доминирале откачените потпетици

Точка

11/06/2019

11:16

6.161

Големина на фонт

а а а

Насобраните претставници од медиумите во дворот на Белата куќа, биле поздравени од првата дама на САД, Меланија Трамп во уште едно беспрекорно модно издание, во кое овој пат доминирале откачените потпетици со потпис на нејзиниот омилен дизајнер, Кристијан Лобутин.

По тридневната посета на Обединетото Кралство, американскиот претседателски пар Трамп се вратил минатата недела во Белата куќа. Меланија носела морнарско сина тоалета, која одлично ја отцртувала нејзината силуета. 

Споменатата креација Меланија, покрај очилата за сонце, таа ја зачинила со модерни "стилето" чевли, со потпис на Кристијан Лобутин.

Покрај препознатливиот црвен ѓон, потпетици се истакнуваат благодарение на пругастите шари, инспирирани од 80-тите години.

Иако во повеќето продавници се распродале, нивната вредност изнесува нешто помалку од 600 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг