Ова ги чека Американците ако удрат на Иран: Исламската република го претставила најновиот одбранбен систем

Точка

10/06/2019

19:37

5.466

Големина на фонт

а а а

Новиот противвоздушен ирански систем е претставен во јавноста на 9-ти јуни, а произведен е токму во Иран. Овој противоздушен систем може да детектира цели на 150 километри.

Иранскиот министер за одбрана Амир Хамат, на церемонијата одржана на 9-ти јуни во Техеран, го претставил новиот одбранбен систем "Hordad 15", известила новинската агенција "Tasnim". Тој систем може да погоди неколку цели со иранските ракети "Sayad 3". 

Системот е способен да открие различни цели, вклучувајќи воени авиони и беспилотни летала, во радиус од 150 километри и да ги следи на далечина од 120 километри, рекол Хамат.

Исто така, во состојба е да детектира слаби мети во радиус од 85 километри и да ги достигне внатре во 45 километри.

Системот е способен истовремено да пресретне шест цели.

Мобилноста на овој систем и овозможува на војската да го подготви за уништување на цели за помалку од пет минути, додал Хамат. "Hordad 15" веќе официјално и е предаден на војската на Исламската Република Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг