Манекенката ја разбеснила нацијата поради фустанот кој го откривал нејзиниот задник, властите наредиле истрага

Точка

10/06/2019

21:07

12.595

Големина на фонт

а а а

29-годишната манекенка Нгоч Трин ги вознемирила виетнамските власти откако на црвениот тепих во Кан се појавила во потполно проѕирен фустан.

Имено, поради фустанот кој го откривал нејзиното тело, како и задникот, Нгоч ќе мора да плати казна. Колку е ситуацијата сериозна, говори фактот што во средата, на 5-ти јуни, тамошниот министер за култура, спорт и туризам изјавил дека “изданието било непримерно, навредливо и предизвикало бес во јавноста”, пишува “VNExpress”. 


Како што објаснил министерот, Нгоч не е уметница која ја испратиле на настанот и наредил институциите да го истражат случајот поради кршење на законот за јавна култура.

Како што пренесуваат светските медиуми, на манекенката ѝ се заканува парична казна која во Виетнам е многу честа за познатите личности во вакви случаи.


Инаку, Трин ја носи титулата за најфотогеничен супермодел во Виетнам, а по коментарите на властите изјавила дека “добила многу пофалби за својот изглед”.

“Не се грижам што луѓето ме критикуваат бидејќи се чувствував убаво во фустанот, што остави и добар впечаток на црвениот тепих во Кан. Не можам да го задоволам целиот свет”, изјавила манекенката за “VNExpress”.


По позирањето на црвениот тепих, Нгоч најмногу се дружела со Пријанка Чопра и нејзиниот сопруг, Ник Џонас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг