Во случај на катастрофа, Google ќе ве води подалеку од опасните ситуации...

Точка

07/06/2019

16:21

1.236

Големина на фонт

а а а

SOS Alerts предупредувањата на Google веќе ни даваат витални информации кога се наоѓате во кризна зона, а отсега тие предупредувања ќе вклучуваат и упатства за возење, односно движење подалеку од опасната ситуација.

Како дел од проширувањето на функциите на Google Maps, компанијата воведе нови навигациски функции кои не само што ќе ве предупредат за кризната ситуација на вашата рута, туку и ќе ја променат вашата рута за да ја избегнете невољата ако е тоа можно. Тоа значи дека ако се наоѓате во близина на поплави, Google Maps ќе ви помогне да ја пронајдете идеалната рута за да останете на суво.

Google Maps ќе ги прикажуваат движењата на ураганите, мапите на потреси и прогнозите за поплави. Информациите ќе можете да ги видите и доколку на Google ги напишете клучните зборови поврзани со катастрофата или загрозената локација, без оглед на тоа каде се наоѓате во моментот.


Сепак, за целосна имплементација на овие функции ќе мора да почекаме уште некое време. Услугата за Android, iOS и интернет би требало да биде достапна во следните неколку седмици. Со визуализацијата на поплавите (која нема да биде вклучена кај iOS), ќе се започне во индискиот град Патне и ќе продолжи да се шири низ околните региони.


Навигацијата во кризните ситуации би требала да се појави кај мобилните апликации веќе ова лето. Иако се надеваме дека никогаш нема да имате потреба да користите било која од овие функции, сепак Google заслужува пофалба затоа што ова би можело да спаси животи доколку се најдете во опасна ситуација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг