Се затвора најголемиот пазар на кучешко месо во Јужна Кореја

Макфакс

06/06/2019

19:03

1.254

Големина на фонт

а а а

По преговорите меѓу локалните власти и продавачите на кучешко месо, донесена е одлука за затворање на најголемиот пазар на кучешко месо во Јужна Кореја, која се наоѓа во градот Бусан, пренесе „Кореја Тајмс“.

Новиот урбанистички план за Бусан предвидува подрачјето на некогашниот пазар да се претвори во парк, поради што дојде до преговори меѓу локалните власти и продавачите на кучешко месо.

Продавачите на месо, од нив вкупно 19, се соглсиле да ги затворат своите продавници до 11 јули. Локалните власти како отштета им ветиле паричен износ од дури 2700 долари, кој би требало да им се исплаќаат на месечни рати, низ една година.

Активисти за права на животните се задоволни со одлуката, но се свесни дека има уште многу такви продавници, кои треба да се затворат и да се прекине малтретирањето на кучњата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг