Корејците ја бојкотираа конференцијата на Парис Хилтон поради нејзиното разгалено однесување

Макфакс

06/06/2019

09:01

1.246

Големина на фонт

а а а

На 31 мај корејските новинари ја напуштија прес-конференцијата на Парис Хилтон (38), каде што требаше да ја претстави својата нова козметичка линија. Локалните новинари одлучија да ја бојкотираат Парис поради непочитување и разгалено однесување.

Неколку минути пред да почне конференцијата, која беше најавена во 18.30 часот, организаторите рекоа дека Хилтон ќе задоцни не знаејќи колку. Тие објаснија дека ѕвездата не сака другите да го знаат времето на нејзиното пристигнување.


„Парис ќе задоцни, но не знаеме колку. Тоа е стил на Парис Хилтон“, рекоа организаторите. 

Новинарите, отпрвин збунети од најавата, одлучија уште малку да почекаат.

По 30 минути чекање, сите новинари одлучија дека нема да седат и да чекаат, па ја бојкотираа конференцијата.


„Парис Хилтон сака јавно да им се извини на медиумите поради доцнењето на Парис Хилтон на конференцијата за нега на кожата. Жалиме за штетата што ја нанесоа на новинарите кои беа таму и признаваме дека грешката се должи на менаџментот“, пишува во извинувањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг