Ахмети за бомбите на Ел Чека: Не сум ги слушал и не сакам да ги слушам

Макфакс

05/06/2019

18:08

1.703

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека не ги слушал, ниту сака да ги слуша снимките од разговорите кои ги објавува Ел Чека, а кои се однесуваат на функционери на ДУИ. Во обраќање на прославата од 17-годишнината од постоењето на партијата, Ахмети ги повика надлежните органи да постапат бидејќи снимките биле нелегални.

„Бомбите не сум ги слушнал и не сакам да ги слушам. Нека објави официјални разговори, да видат сите кој е Ахмети, а не приватни. Органите на прогонот нека се занимаваат со случајот“, рече Ахмети.

Ахмети ги избегна новинарите и не застана да одговори на новинарските прашања, ниту пред, ниту по завршувањето на настанот на кој присуствуваа повеќе функционери на ДУИ, меѓу кои актуелни и поранешни министри, пратеници и градоначалници.

Меѓу министрите беше и Садула Дураку кој неофицијално е еден од министрите што ќе ги опфати „метлата“ на Заев. На прашање дали ќе го смени министерското место од животна средина со друга функција Дураку вели дека не знае.

„Не знам, прашајте го Али Ахмети“, изјави Дураку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг