Алесандро Мишел, креативниот директор на модната куќа Gucci, со последната „Cruise“ колекција, недвосмислено го поддржал правото на абортус, за кое овие денови интензивно се расправа во САД.
Колекцијата, која вчера им била прикажана на ВИП гостите во римскиот музеј „Capitolini“, содржи пурпурна наметка со испишана порака „My Body My Choice“ и џемпер со датумот 22-ри мај, 1978-ма година - кога абортусот бил легализиран во Италија.
Појасот бил украсен со цветни детали во облик на матка.
Мишел изјавил дека новата забрана за абортус во САД го „навела да размислува за тоа како и колку многу треба да ги почитува жените“.