Антиќ: Ќе има позитивни промени, ја сакам кошарката и ќе направиме огромен резултат

Дерби

15/05/2019

16:59

690

Големина на фонт

а а а

Перо Антиќ од денеска и официјално отвори нова страница во својот живот и кариера, односно од денеска е претседател на македонската кошаркарска федерација.

Некогашниот ас на Работнички, Олимпијакос, Црвена Звезда, Фенербахче, Атланта Хокс ја доби довербата на денешното собрание и најави многу позитивни промени во мак-кошарката.

- Ќе има позитивни промени, ќе има насмевки, да има љубов кон кошарката. Сакаме да се врати публиката на трибините, да се заживее младинската кошарка, да се прават играчи. Имаме дијамант, ама немаме мајстор да се избруси. Ние ќе помогнеме, ние не сме мајсторите, ќе соработуваме со Ивковиќ, Обрадовиќ кои прифатија да и помагаат на македонската кошарка. Тоа се еминентни тренери, па и ние да имаме даца кои ќе не преставуваат во Евролига, европските натпреварувања. Се надевам ќе ја имаме поддршката и од владеачката структура, затоа што спортот е најголем маркетинг, амбасадор за една држава. Со взаемна соработа на професионално ниво, верувам дека ќе успееме, - истакна Антиќ кој на прашањето на „Дерби“ дали се чувствува како победник во битката со Петар Наумоски, односно дали имаше лична мотивација, новиот претседател на МКФ порача:

- Немаше лична мотивација. Лична мотивација во целата смисла, поранешниот претседател ја почна војната без ниту една причина. Ако имаме лична војна, а се бориме за кошарката… тоа се две различни работи. Со никого не сум во војна, на никого не му должам, не му мислам лошо, едноставно сум среќен човек и ја сакам кошарката. Истото мислење го има и мојот тим, мислам ќе направиме огромен резултат, - истакна Антиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг