Ова се новите цени на горивата на бензинските пумпи

Нетпрес

14/05/2019

15:41

5.730

Големина на фонт

а а а

На бензинските „Макпетрол“ и „Лукоил“ од ноќеска на полноќ за еден денар се намалени малопродажните цени на бензините, а цената на дизел горивото е поскапа за половина денар.

Бензините, 95 ка и 98 се продаваат поевтино за еден денар односно за 71 и 73 денари. Дизелот поскапе за половина денар, односно сега се продава по 64 денари за литар.

Поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги определува цените, па трговците сами ги определија малопродажните ценина нафтата и нафтените деривата кои ги продаваат на нивните бензински пумпи.

Потребата за донесување нова методологија е заради истекувањето на важноста на Анексот „Д“ што произлегува од Договорот за купопродажба на ОКТА на 8 мај годинава, според кој беше и определена и постојната методологија за определување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Иако трговците сами ќе треба да ги утврдат цените на нафтените деривати, од Регулаторна препорачуваа мало поевтинување кај бензините и иста или малку зголемена цена на дизелот.

Цените што нафтените компании ги дефинираа на пазарот, односно на нивните бензински пумпи се исти или слични какви што би биле и по методологијата што до скоро се применуваше. Што значи дека тие направија еден коректен пристап кон пазарот и не ги зголемија цените, иако пазарот во овој период е либерален, се до донесувањето на методологијата.

Ова го оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање во врска со малопродажните цени на нафтените деривати што од денеска трговците сами можат да ги определат, по како што вели разменетите информации утрово со Регулаторната комисија за енергетика.

Тој изрази задоволство од тоа што компаниите коректно ги поставија своите цени на пазарот и затоа рече Владата нема да биде ригорозна во регулирањето на пазарот, туку ќе остави тој да биде колку е можно либерален, воедно посочувајќи на фактот дека 80 отсто од продажбата на големо на нафтените деривати во нашата држава се одвива преку ОКТА која е главен трговец на големо во земјава.

ТУКА можете да ги видите цената на горивата во европските држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг