Украинската компјутерска игра потсетува на нуклеарната катастрофа во Чернобил

Точка

30/04/2019

16:23

1.863

Големина на фонт

а а а

Девелоперите на играта “Isotopium: Chernobyl” ја пронашле својата инспирација во Чернобил, украински град кој се врзува за нуклеарната катастрофа од 1986 година.

Напуштениот град Припјат во северниот дел на Украина е тивок и пуст, животните слободно одат, а природата одамна почнала да доминира, што може да се забележи и по обраснатите објекти. Украина во петокот одбележа 33 години од катастрофата во нуклеарната електрана во Чернобил која се случила во 1986 година. 


Девелоперите го оживеале “градот на духовите” во компјутерската игра “Isotopium: Chernobyl” во која играчите возат тенкови низ Припјат, се борат против противниците и бараат исотопиум, извор на енергија. Играта изнесува 9 долари, а истовремено можат да ја играат 20 лица.

Оваа игра е посебна бидејќи играчите не играат во виртуелниот свет, туку управуваат со вистински роботи во арена. Роботите се опремени со камери и компјутери, а арената, односно 3D модел, е сместенa во подрум оддалечен околу 150 километри од Чернобил. Градот е изработен многу детално, а досега се пријавиле 60 илјади луѓе кои сакаат да ја играат играта.

Девелоперите за креирање на градот користеле Google Maps и фотографии од Чернобил, како и згради, хотели, концертна дворана, забавен парк и стадион во Припјат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk