Николоски: Судот да ја одбие тужбата на Вице Заев

Макфакс

12/04/2019

15:00

1.093

Големина на фонт

а а а

Вице Заев е јавна личност и е главен бизнис-фактор во државата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по денешното трето и последно рочиште за тужбата за клевета и навреда поднесена од братот на премиерот, Зоран Заев, Вице Заев.

„Имам полно право да изнесувам свои ставови и гледишта. Очекувам судот да ја одбие тужбата. Ме изненади што Вице Заев не дојде денеска, а тој е тужител“, рече Николоски.

„Заев рече дека да е до него, тужбата би била повлечена. Е, сега, имам една дилема, дали браќава меѓу себе не комуницираат, што е надвор од умот, или функционираат како и досега…“, додаде тој.

Објавата на пресудата судијката Кети Германова ја закажа за 22 април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг