Се самоубил синот на поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев

Нетпрес

09/04/2019

21:51

18.050

Големина на фонт

а а а

Ноќеска во викендичка во Делчево се обесил Александар Захариев, 23-годишниот син на екс-градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.

Од МВР велат дека денеска во 9.50 часот во Полициската станица Делчево од Службата за итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на селото Ѕвегор, Делчевско, бил пронајден починат А.З. (23).

Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење. Телото е предадено на обдукција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг