Главниот град на оваа држава го смени своето име

Точка

23/03/2019

13:24

3.390

Големина на фонт

а а а

Астана, престолнината на Казахстан, повеќе нема да биде позната по тоа име.

Новиот претседател на Казахстан, Касим Жормат Токајев, потпишал указ за преименување на престолнината, се наведува во соопштението на прес-службата на шефот на државата. 

"Да се преименува Астана - престолнината на републиката Казахстан во град Нурсултан - престолнината на Република Казахстан", стои во документот.

Указот стапува на сила од моментот на официјалното објавување.

Првиот претседател на Казахастан, Нурсултан Назербајев, на 19-ти март објавил дека поднесува оставка. Тој својата власт му ја предал на Токајев, како претседател на парламентот - тој ќе ја врши должноста претседател до наредните избори планирани за 2020-та година.

Против преименувањето на Астана е опозицијата. Во престолнината и Алма Ати вчера биле одржани протести кои завршиле со апсење на неколку десетици луѓе.

Астана го добила името во 1998-ма година, кога станала престолнина на Казахстан. Пред тоа, градот се викал Акмола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг