Еве како е да се биде сопруга на кралот на кокаинот: Ема ја споредуваат со Ким Кардашиан, а за Ел Чапо се омажила на само 18 години!

Точка

16/02/2019

13:22

5.568

Големина на фонт

а а а

Додека го изведувале од судницата по прочитаната пресуда дека е виновен по сите точки на обвинението поради трговија со дрога, убиства и киднапирања, 61-годишниот поранешен крал на дрогата Хоакин Ел Чапо Гузман фрлил поглед кон сопругата Ема Коронел.

Имал насмевка на лицето и кренат палец, покажувајќи и да не се грижи. 

Неговата 32 години помлада сопруга го следела со покерашки мирно лице, исто како и секој ден од судењето на кое од вториот ред без израз на лицето следела што довчерашните соработници на нејзиниот сопруг зборуваат за злосторствата кои ги извршил.

Со своите доаѓања Ема Коронел покажала дека останува покрај својот сопруг, без разлика на се.

Баш како што, меѓу другото, порачала на социјалните мрежи неколку дена порано - дека секогаш ќе го сака и ќе биде покрај него - што и да се случи.

Нејзината улога во текот на судењето била истакната - многумина веруваат дека младата Американка, родена во Калифорнија, мајка на две близначиња и поранешна мисица, со своите истапи во јавноста и присутноста требало да го подобри имиџот на Ел Чапо, и можеби да ја омекне поротата.

Но, на убавата бринета, која заштитена со очила и окружена од телохранители се пробивала до судот, тешко можело тоа да и тргне од рака.

Нејзиниот сопруг е обвинет дека со шврецот на дрога во Америка заработил и до 14 милијарди долари, а притоа илјадници луѓе умреле поради војната меѓу бандите, а истовремено во раскошот и богатството живеела и Ема.

Ема без разлика на се, се обидувала да им помогне на адвокатите на Ел Чапо. Повторувала колку го сака сопругот - скромен човек, кој ја сака неа и нивните ќерки близначки.

Многумина биле уверени дека нејзината главна цел била да спречи евентуална ликвидација на својот сопруг во Мексико.

Бранителите на Ел Чапо се плашеле дека некој од довчерашните негови соработници, корумпирани моќници, би можел да го убие за да ги прикрие траговите од себе. Ема со интервју се обидела да спречи таков резултат.

Дотогаш за нивната врска се знаело малку и тоа биле приказни од втора рака.

Ема за Ел Чапо се омажила кога имала 18 години, а тој се заљубил во неа на прв поглед кога ја видел на едно натпреварување за убавина. Тогаш се погрижил токму таа да победи. Често поради изгледот ја споредуваат со Ким Кардашиан.

Венчавката на Ел Чапо и Коронел била одржана во 2007-ма година, а на церемонијата имало само неколку гости. Ел Чапо тогаш имал 52 години. Таа тврди дека тогаш не знаела дека тој е баран нарко-бос.

"Би рекла дека ме освои со тоа како разговараше со мене, како се однесуваше кон мене, начинот на кој почнавме да се зближуваме - прво како пријатели и од тоа произлезе се останато", рекла таа за LA Times во 2016-та.

Иако последните неколку месеци, додека траело судењето во Њујорк, на светот се обиделе да го прикажат својот брак како голема љубовна приказна, вистината, наведува "Guardian", е дека бракот со Ел Чапо бил договорен.

Неа ја чувала вооружена војска од луѓе на Гузман, а во 2012-та година ги добиле близначките кои Ема ги родила во Лос Анџелес. Името на нивниот татко не било напишано во крштеницата, бидејќи во тоа време неговата глава била уценета на пет милиони долари.

Тој доста време минувал во бегство, а го следеле голем број на верни луѓе како и готвачки кои всушност биле проститутки. Неговата љубов кон жените го чинела глава, бидејќи им го давал телефонскиот број на своите љубовнички.

Потсетуваме, во 2015-та година тој дал интервју за актерот Шон Пен, што подоцна довело до негово апсење.

Ема своевремено изјавила дека не била љубоморна на другите жени.

"Тој е татко на моите деца и мислам дека повеќе пати покажав дека секаде ќе го следам", рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг