Бекамови не ги жалат парите: Купиле прекривка за кучето од 4.600 долари

Точка

17/01/2019

15:24

2.369

Големина на фонт

а а а

Дури и домашното милениче на семејството Бекам живее на висока нога, па има прилика да се топли со брендирана прекривка.

Дејвид и Викторија Бекам очигледно не внимаваат само на своите деца, туку и на кучето, па со големо внимание се грижат за верниот пријател, на кој му купиле ќебенце со потпис на еден популарен бренд. Познатата креаторка на социјалните мрежи споделила фотографија на која нејзиниот сакан спие со нивното куче Олива, кое е покриено со скапоцена ткаенина.


Очигледно е дека Бекамови ја сметаат Олива за член од семејството, па сакаат и за неа да одвојат голема сума на пари, со оглед на тоа дека оваа прекривка чини околу 4.600 долари.

„Попладневна дремка со нејзиниот татко“, напишала Викторија на фотографијата, на која е нејзиниот сопруг со кучето.

Ова многу не им се допаднало на нивните фанови, кои во коментарите ги осудиле поранешниот фудбалер и дизајнерка поради расипништво, иако имало и такви кои застанале во одбрана на популарниот пар.

View this post on Instagram

?

A post shared by Olive Beckham (@olivebeckham23) on

Инаку, Олива е хит на Инстаграм, бидејќи Бекамови ѝ направиле профил кој има веќе 69.000 следачи.

Познато е дека Дејвид и Викторија сакаат да трошат пари на луксуз, па така и неодамна за божиќната прослава потрошиле неколку десетици илјади долари, а особено искеширале за огномет, во кој посебно уживале нивните деца. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг