Љубовницата на Безос првпат снимена од избивањето на аферата: Ништо не може да ѝ ја тргне насмевката од лицето

Точка

17/01/2019

15:14

5.014

Големина на фонт

а а а

Светската јавност била изненадена од веста дека основачот на "Амазон", милијардерот Џеф Безос, се разведува од својата сопруга Мекензи. Бракот траел 25 години, а наводно до разводот дошло поради аферата на Безос со поранешната водителка Лорен Санчез.

Откако деталите од нивната афера дошле до јавноста, новопечениот пар не се огласувал, а Лорен во понеделникот била фотографирана како излегува од хеликоптер во Санта Моника.

Тоа е нејзино прво појавување откако скандалот го обиколил светот, а по опуштеното однесување и широката насмевка може да се заклучи дека не е потресена поради сето тоа што се зборува за неа.

Времето било многу облачно и дождливо, но таа не обраќала многу внимание на тоа, а медиумите пренесуваат дека била прикладно облечена да го мине денот летајќи со хеликоптер.

Нејзин долгогодишен пријател за медиумите изјавил дека Лорен му фрлила око на Џеф Безос откако таа и нејзиниот сопруг станале пријатели со него и Мекензи.

По запознавањето пред неколку години, таа на своја добра пријателка и кажала: "Тоа е мажот кој ми е потребен на мене", рекол изворот за "Daily Mail". Тој верува дека мислела на големото богатство на Безос.

За Санчез постојат информации дека е склона да живее на висока нога. Неодамна со пријателките била на шопинг, при што купила чевли во вредност од 12.000 долари.

Наводно на пријателките тогаш им рекла дека својот сопруг "го врти околу малиот прст и дека може да добие се што ќе посака".

Според тврдењата од кругот на нејзини блиски луѓе, Лорен е многу фина личност, но е спонзоруша.

Безос и Лорен и натаму уживаат во љубовта

Според пишувањата на странските медиуми, Џеф Безос и Лорен Санчез и натаму уживаат во својата врска, и покрај наводите во јавноста.

Добро известен извор за "Page Six" рекол дека Безос не ја обвинува Лорен за тоа што "National Enquirer" објавил репортажа за нивната афера.

Се зборува дека двајцата всушност биле привлечени од нивните различни карактери.

"Лорен сака да се излегува и да се забавува. Таа е многу друштвена и секогаш ќе биде таква. Секогаш ќе понесе група пријателки на краток викенд одмор", вели еден извор за "People".

"Таа е чиста спротивност на Безос, но можеби токму тоа ги споило. Таа може да влијае на луѓе да направат било што - намерно или ненамерно", истакнува изворот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг