Одмор каков што досега не сте доживеале, Ваши соседи ќе бидат лавовите

Точка

17/01/2019

15:04

2.749

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате иновативно место за годишен одмор, кој дефинитивно не наликува на било кој друг, ја имаме совршената дестинација за Вас.

GG Conservation во Харисмит, Јужна Африка не е за оние со слабо срце, туку е наменето за љубителите со вистински и искрени авантури. Покрај фактот дека ова место е потенцијална вила во која можете да престојувате, имотот е дом за дури 77 лавови. Lion House, претставува врвна куќа со три спални соби, совршени за љубителите на дивите животни. 


Овде можете да уживате во пространиот отворен двор секое утро со шолја кафе и звуци од лавови, додека вечерите се резервирани за скара или лежење покрај камин.

"Многу сте блиску до лавовите, на помалку од едно метро, кога стоите покрај оградата. Од скалите, тремот или дворот се наоѓате на два метри од нив. Тоа е како да живеете помеѓу нив, како да сте дел од нивната екипа. Секако, најдобриот дел е слушањето на звуците на лавовите навечер, кои навистина Ве инспирираат со својата моќ и сила", вели сопственичката на овој имот.


Секако, безбедноста овде е најголем приоритет, така што електричните огради ја опкружуваат градбата. Лавовите се сместени во своите кампови, зад силните огради, што сѐ е изградено според стандардите и законите.


Покрај лавовите, овде живеат и диви антилопи, зебри, ноеви, имапала и други животни кои само овде можат да се видат. Мора да напоменеме дека GG Conservation е непрофитна организација, така што секое резервирање на одмор овде создава профит кој е пренасочен кон хуманитарните организации кои се занимаваат со заштита на лавовите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг