Ако ова е крајот, беше спектакуларен: Енди Мареј плачеше и играше во мечот преполн со емоции и испадна од Австралија Опен!

Точка

14/01/2019

18:43

3.396

Големина на фонт

а а а

Енди Мареј уште во првото коло од Австралија Опен доживеа пораз, а после многу емотивниот меч со Роберто Баутиста Агут, останува прашањето дали некогаш повторно ќе игра тенис.

Самиот Енди тврди дека во овој момент не е сигурен, иако после поразот рече дека сака да се врати во Мелбурн како играч, но дека за такво нешто потребна е голема операција, чиј исход е неизвесен.

До финалето: 6:4, 6:4, 6:7(5), 6:7(4), 6:2 за Шпанецот, дошло после турбулентните реакции во третиот и четвртиот сет, а особено на крајот. Од страната на двајцата тенисери имало собрани навивачи, меѓу кои биле и мајка на Енди, Џуди, и неговиот брат Џејми.


Енди Мареј, два дена пред почетокот на првиот натпревар за оваа сезона на Грен Слем, се расплакал на конференцијата за медиумите, зборувајќи за тоа дека и покрај оперативнит зафат на колкот - има големи болки. Тврдел дека поради тоа, планот му бил да се повлече после овогодинешниот Вимблдон, дека сè уште не сакал да го открие тоа, но дека болките сега му се толку големи што не знаел како да одговори, освен со солзи - на прашањето: „Дали е можно настапот на Австралија Опен да биде твојот последен во кариерата?“.

Тој овој пат не изгледал лошо кога станува збор за движењата, туку повеќе станувало збор за формата, односно нејзин недостаток, поради долгата пауза. Ако судите според тоа, Енди нема тука да ја заврши својата тениска кариера, бидејќи делувал како уште да може да игра на најголемата сцена, иако и овој пат имало солзи.


Но, тие солзи не биле поради болките, туку поради емоции. На Мареј му се наполниле очите со солзи кога тргнал кон посакуваниот пресврт, енергично го прославивл освојувањето на третиот, а потоа и на четвртиот сет во тај-брејкот, но кога требало да сервира во 5-от сет, додека губел 1:5, почнале овации од трибините. Тогаш Мареј морал да застане, да се соземе, да ги избрише солзите, па дури потоа да продолжи со игра.


Кратко потоа, дошол Агут со првата меч топка, која неговиот ривал со одлично изграден поен, овековечен волеј-удар - ја неутрализирал. Некоја минута подоцна, 19-от ас се доближил на 2:5. Го прославил и тоа, но, неколку минути подоцна, петкратниот финалист на Австралија Опен испаднал.

10 илјади присутни луѓе на трибините станале и со аплауз го поздравиле Мареј, после 4 часа и 14 минути тешката борба. Тоа било емотивен момент, како што бил емотивен и целиот натпревар на тенисерот во Мелбурн. Дали тоа е неговиот последен турнир во кариерата - ниту самиот тој не знае.

„Неверојатно чувство. Ух...Но, мислам дека ќе бидам добро (се смее). Ви благодарам на сите кои дојдовте на мечот. Искрено, секогаш сакав да играм овде, ова е неверојатно место. Дадов сè од себе, но морам да му честитам на Роберто и на неговиот тим. Не знам што повеќе да кажам, ви благодарам на сите. Можеби ќе се видиме повторно. Ќе дадам сè од себе, ќе направам сè што е во моја моќ за да успеам во тоа. Ако сакам повторно да играм, ме чека голема операција, после која ништо не е сигурно. Но, ќе дадам сè од себе. Ќе се обидам“, рекол емотивниот Мареј на теренот.


Потоа организаторите на голем екран му пуштиле пораки за поддршка од некои ривали, но и пријатели. Меѓу нив биле и Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и некои тенисерки, а реакцијата на Енди била климање со глава во вид на благодарност, како и реченицата: „Имавме навистина неверојатни мечови, големи борби, ќе се паметат тие мои дуели со Ноле, Роцер и Раф, но тоа што ме почитуваат колегите - навистина многу ми значи“, заклучил Енди Мареј.




Спонзорирани линкови

Маркетинг