Селекторот на Јапонија пред дуелот со Македонија: Не сметаме на бодови, нашата цел е…

Дерби

11/01/2019

11:35

869

Големина на фонт

а а а

Македонија денеска ќе го има својот прв настап на 26. ракометно Светско првенство кое се одржува во Германија и Данска. Првиот тест за избраниците на Раул Гонзалес е селекцијата на Јапонија која не е наивна, а за тоа е големи заслуги има селекторот Дагур Сигурдсон.

Токму Сигурдсон кој дефинитивно е најпознато име кај азиската репрезентација даде една интересна изјава во пресрет на дуелот на Македонија и нивниот настап на турнирот. Тој признава дека се аутсајдери и дека нивната цел е напредокот во играта.

- Потполно ни е јасно дека сме една од најслабите репрезентации во нашата група, бидејќи во трката за што подобар резултат се наоѓаме во друштво на Шпанија, Хрватска, Исланд и Македонија, а пак од Бахреин загубивме минатата година. Прво и основно, наше е да се обидеме да оствариме напредок во однос на резултатите на минатиот мундијал, -рече Сигурдсон и додаде:

- Мислам дека сме на добар пат затоа што вложуваме навистина голем труд и јакнење на овој кадар, откако јас ја преземав репрезентацијата. Често се случуваше Јапонија да има одлична претстава, ама само поради неколку лоши минути да се распадне. За наша среќа, би рекол дека направивме неколку чекори напред во намалување на тие осцилации во текот на самите натпревари и верувам дека ќе успееме тоа да го направиме,- заврши Исланѓанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг