Тачи: Денешното гласање покажа единство што треба да се зачува и негува

Макфакс

14/12/2018

20:32

1.930

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, вечерва ги повика војските од регионот, вклучувајќи ја и војската на Србија, на партнерство со вооружените сили на Косово.

На церемонијата по повод трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во војска, Харадинај рече дека Албанците во Косово, како најстар народ на Балканот, сега само формирале војска на Косово.

„Ние смело се определивме даа го браниме мирот и нема да дозволиме нашата војска да се сврти против својот народ“, рече Харадинај.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, рече дека денешното гласање за законите за трансформација на КБС покажало единство што треба да се зачува и да се негува.

„Денес, сите политички партии на Косово, без исклучок, покажаа дека кога станува збор за интерес на Косово и за општото добро, како и за доброто на идните генерации, е надвор од теснопартиските интереси и гласаат за Косово. Барам единството што денес го покажавте да го зачувавате и за други значајни процеси што нè очекуваат“, рече Тачи.

Тој рече дека трансформацијата ќе се реализира во соработка и координација со НАТО и со другите партнери.

Претседателот на собранието на Косово, Кадри Весели, изјави дека косовските граѓани припаѓаат на народ што никогаш не нападнал никого, каде што никогаш немало простор за омраза кон другите, иако тие биле жртви на разни идеологии, никогаш не се хранеле со идеологија против друг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг