ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да излезе на ТВ дуел со Мицкоски

Макфакс

13/12/2018

14:56

1.197

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го повика премиерот Зоран Заев да излезе на ТВ дуел со Христијан Мицкоски.

„Господине Зоран Заев, ајде, ајде, излези и прифати ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш. Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден. Епа еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ дуел уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ дуелот и кога. Граѓаните заслужуваат да го видат твоето лицемерие кон нив“, рече Арсовски.

Тој додаде дека граѓаните немаат доверба во институциите, криминалот царува, корупцијата е навлезена во сите пори на општеството, а судството е заробено од страна на Зоран Заев и СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг