МВР контра Мицкоски: Полициските акции не се политички мотивирани

Макфакс

07/12/2018

14:19

807

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи ги демантира ,,дезинформациите изнесени од страна на Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата”.

„Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви, туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно”, се вели во реакцијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека минатата недела полицијата влегла во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на „Фејсбук“ напиша дека луѓето кај кои влегле специјалците со оружје биле чесни луѓе, кои отворено ја критикувале власта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг