Тевез пронајде една позитивна работа што големото финале ќе се игра на „Бернабеу“

Дерби

06/12/2018

19:40

1.637

Големина на фонт

а а а

Карлос Тевез денеска даде прва изјава од Мадрид како најава за големото Суперкласико дерби кое конечно ќе се одигра оваа недела, натпревар пред кој напаѓачот на Бока Јуниорс пронајде и една позитивна причина што големото финале во Копа Либертадорес ќе се игра во шпанската престолнина.

Поради дивеењето на фановите и неспособноста да се контролира толпата пред стадионот, натпреварот кој требаше да се одигра на „Монументал“ беше на двапати одложен, па така сега Ривер ќе има улогата на домаќин само на хартија, бидејќи мечот ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

– Ова е тортура која веќе трае 40 дена, но важно е да останеме фокусирани на тоа што е најважно. За двата тима е тешко што сме тука, што ќе играме во Мадрид. Сите треба да сфатат дека играме финале на Копа Либертадорес, а не пријателски наптревар. Луѓето веќе се изморени од насилството кое го видовме. Треба да се остави на страна сето тоа, се случи и треба да се заборави. Најважно е тоа што ќе се случи на теренот, но исто така важен е примерот кој го дава Шпанија со навивачите групи. Секогаш има цврста рака за такви испади, треба да учиме од нив, – порача Тевез кој е убеден дека организацијата за финалето ќе мине во најдобар ред во Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг