АРМ негира вмешаност во настаните од 27 април

Макфакс

06/12/2018

13:56

760

Големина на фонт

а а а

Армијата на Република Македонија (АРМ) негира каква била вмешаност во организирана форма во упадот во Собранието на 27 април минатата година.

„Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста. Како и секогаш досега, генералштабот на АРМ во потполност транспарентно ги пренесува сите свои активности и ангажмани и е на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции за било какви информации за наводните тврдења со што конечно ќе се стави крај на понатамошни шпекулативни толкувања“, велат од АРМ.

Во досегашното постоење на АРМ, додаваат од таму, во потполност се применуваат воспоставените принципи и постапки во хиерархијата и субординација во командувањето, при што се постапува согласно дадените законски надлежности и строго утврдени правила кои ја уредуваат оваа област.



Спонзорирани линкови

Маркетинг