Русија: Што ако нашите подморници испливаат на брегот на САД

Макфакс

06/12/2018

13:10

1.632

Големина на фонт

а а а

Русија се закани дека ќе одговори на можна појава на американски бродови во Црното море. Ова предупредување го упати заменикот претседател на одборот за одбрана на Државната дума на Русија, Јуриј Швиткин.

„Без оглед на тоа од каде доаѓа агресијата или провокативните акции, од Украина или од Америка, тоа на нас не ни е важно. За нас државната граница е недопирлива. Ќе одговориме на соодветен начин. Нависитна не би сакал нашите подморници да испливаат на брегот на Америка“ порача Швиткин.

Претходно телевизијата Си-ен-ен, повикувајќи се на извори, соопшти дека САД почнале подготовки за испраќање на бродови на Црното море, по инцидентот во теснецот Керч, каде украински бродови беа задржани откако ја нарушиле руската граница.

Разорувач на американската морнарица, кој поминувал во близина на Пацифичката флота на Русија, не влегол во територијалните води на Русија, но ваквите акции се по природа провокативни, истакнал Швиткин, пренесе „Спутник“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг