Хенес: Баерн никогаш не би потрошиле толку пари на ветеран како Роналдо

Точка

05/12/2018

16:44

588

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Баерн Минхен ја критикуваше одлуката на „Бјанконерите“ кои што минатото лето за 112 милиони евра го ангажираа 33-годишниот Кристијано Роналдо.

Хенес во разговор за „Билд“ јасно порача дека Баварците никогаш не би купиле 33-годишен играч за толку пари.

„Тој има 33 години, тој е ветеран. Би не чинел 100 милиони евра и тоа е договор каков што никогаш не би направил. Да има 24 години би го договориле неговото доаѓање со затворени очи“, изјави Ули Хенес.

Сепак, Кристијано Роналдо игра одлично во тимот на Јувентус оваа сезона – тој на 18 одиграни натпревари за торинскиот клуб има постигнато 11 погодоци и шест асистенции и дефинитивно е најдобриот фудбалер во екипата на Алегри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг