Навас разочаран: Освои три титули во низа во ЛШ, а сега воопшто не играм

Дерби

30/11/2018

19:50

2.057

Големина на фонт

а а а

Кејлор Навас е еден од играчите кој имаше значајна улога во успесите на Реал Мадрид во последниве неколку години, но во оваа сезона искусниот голман е комплетно заборавен и е во втор план по доаѓањето на Тибо Куртоа.

Особено неговиот статус или поточно улога се намали под водство на сегашниот стратег Сантијаго Солари, додека претходно кај Хулен Лопетеги ја делеше позицијата со Куртоа. Токму поради ова репрезентативецот на Коста Рика е разочаран и тоа јасно го посочи за програмата „Ел Чирингито“.

-Освоив три титули во низа во Лигата на шампионите, а сега воопшто не играм -рече Навас кој е дел од Реал до 2014 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг