Сашо Ордановски во живо од пред хотелот Мериот: Мијалков приведен мирно и без отпор

Точка

20/11/2018

22:56

14.922

Големина на фонт

а а а

Во приведувањето на екс шефот на УБК Сашо Мијалков учествувале неколку десетини Алфи во цивилно. Тој е ставен во обично возило и однесен во истражниот затвор Шутка.

Приведен е со лисици, без никаков отпор. Целата операција траела не повеќе од 10 минути, јавува од пред хотелот „Мериот“ уредникот на 1ТВ Сашо Орданоски.

Како што објаснува, веројатно и неговиот автомобил бил изваден од гаражата и полицијата го однела.

Според изворите на 1ТВ, Мијалков е приведен по барање на СЈО, поради влијание врз сведоци, обид за бегство или уништување на докази, но сепак не се знае која е поврзаноста со бегството на екс премиерот Груевски и дали поранешниот шеф на УБК бил и самиот вклучен во таа операција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг