ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми сиромаштијата

Макфакс

20/11/2018

21:26

851

Големина на фонт

а а а

Владата предводена од СДСМ откога е на власта успеа да ја зголеми сиромаштија на 22 проценти, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на пратеничката Јагода Шахпаска.

„Иако тие ветуваа живот за сите, сепак околу 460.000 граѓани во државата живеат на работ на сиромаштија. СДСМ ветуваат зголемување на приходот на социјалните случаи, а не излегуваат со точни информации колку точно ќе изнесува приходот со покачувањето кое го најавуваат. Царовска најави социјална помош во вредност од 12.000 денари, односно изедначување со минималната плата, а сето тоа ќе има катастрофални последици бидејќи со тоа ги обесхрабуваат оние кои што сакаат да работат, а со тоа да стекнат работни навки, кфалификации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозицијата додава и дека Царовска го укина родителскиот додаток за трето дете, што беше проект на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зголеми наталитетот во државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг